Во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила на патниот правец Пекин – Елбасан, животот го загуби едно лице од придружбата на албанскиот претседател Бујар Нишани, кој патуваше за Охрид на средба со Македонскиот колега Ѓорѓе Иванов. Во несреќата повредено било уште едно лице.

Според првичните информации од истрагата причина за несреќата била неприлагодената брзина со која се движело возилото од придружбата на Нишани, пренесуваат албанските медиуми.

И покрај несреќата претседастелот Нишан допатува во Охрид каде се сретна со шефот на македонската држава Иванов. На средбата македонскиот претседател изразил длабоко жалење за сообраќајната несреќа и го замолил својот албански колега да ги пренесе изразите на длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот.

OhridNews