Вчера, во 11.20 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга при контрола на патничко моторно возило „Опел Вектра“ со охридски  регистерски ознаки  управувано од  лице од Дебар, од страна на полициски службеници затекнати биле тројца албански државјани, кои на нелегален  начин ја преминале границата и влегле во Македонија.

Против албанските државјани поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка поради сторен прекршок „незаконски престој во РМ“, а со пресуда од Основен суд на истите им е изречена мерка забрана за влез во Р. Македонија во траење од една година.

OhridNews