694 пара чорапи се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола извршена на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, во близина на село Франгово.
Како што информираат од Царинската управа, чорапите, за кои возачот, македонски државјанин, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во две картонски кутии, едната сместена на задното седиште, а другата во багажниот простор на возилото.
OhridNews