При вршење на контрола на патниот правец Струга-Ќафасан, вчера, вработени во Царинската управа при извршен преглед на автобус со турски регистарски ознаки во сопственост на фирма од Македонија,во еден од боксовите кој се наоѓал во близина на моторот на автобусот пронашле празни пластични туби за нафта. Зад нив била забележана пластична канта за отпад во чија внатрешност е пронајдена најлонска кеса со 41.500 евра и 11.185 турски лири во различни апоени. На прашање чии се пронајдените парични средства возачот одговорил дека ги понел за да купи автобус и дека заборавил да ги пријави.
Девизните средства привремено се задржани и депонирани во Народна банка на Република Македонија.
OhridNews