Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, краставиците и лимоните.
 
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај модрите патлиџани, корнишоните и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, кромидот, краставиците и карфиолот.

OhridNews