Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај црвените домати, компирите и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и зелката.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и кивите. Додека пак најголемо намалување се забележува кај лукот и зелката.












