Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно и студено време. На места во другите делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен, а на места засилен северен ветер, информираат од УХМР Македонија.

Студено ќе биде и утре кога минималните температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а максималните до +18. Во среда утринската температура ќе се спушти до нулата во одредени реони, а максималната температура ќе достигне 21 степен Целзиусов. Дневните температури од четврток ќе бидат во пораст, а сончево и стабилно ќе биде и за време на викендот.

OhridNews