По јубилеен 10 пат синиоќа на Плаошник беше доделено признанието „Инженерски прстен“ на десетте најдобри дипломирани студенти од инженерските факултети во Македонија.
Признанијата ги врачи претседателот на државата, д-р Ѓорге Иванов, кој им посака успех на младите инженери во понатамошната кариера.
-Им посакувам во нивниот живот и кариера уште многу успеси и ова нека биде почеток на една нивна голема градителска акција во која ќе се изградуваат и себе си и државата.-рече Иванов.
Од име на наградените студенти се заблагодари Дана Ужеска, која истакна дека „Инженерскиот прстен“ за сите нив претставува мотив за идно надградување.
Традиционалното доделување на признанието „Инженерски прстен“ на Плаошник претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
фото:ЕМИЛИО