
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која се одржува по деветти пат, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
Добитници на ова престижно признание за 2012 година се 12 дипломирани инженери.











