Панаѓурската атмосфера која со години е присутна на градскиот плоштад во Охрид, ќе биде минато, најавува локалната самоуправа. По бројните реакции на јавноста, локалната одлучи во иднина да забрани поставување на тезги на просторот на плоштадот.

– За да нема разни „снаодливости“ злоупотреби со добиените дозволи за поставување, на пример, на фрижидер за сладолед на кој простор подоцна корисникот продава се’ и сешто, или  „играње криенка“ на сопствениците на картон-тезгите со инспекцијата, дефинитивно е одлучено на просторот на плоштадот да нема никакви тезги, соопшти локалната самоуправа.

Оттаму информираат дека ќе бидат одредени локации во чаршијата каде ќе може да се поставуваат тeзги , но не и на плоштадот, кои ќе бидат типизирани, за што по Нова година ЈП „Охридски Комуналец“ ќе распише нов тендер.

Ohridnews