Како што информираат од локалната самоуправа, ден пред истекување на крајниот рок, евидентирани се над 8000 поднесени барања за легализација на дивоградбите во општина Охрид.
Како што веќе изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, до 3- ти септември, барателите е доволно да достават само барање за да се отпочне постапката за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти. Доколку во моментот на поднесување на барањето не се поднесат сите потребни документи, односно некој од документите недостасува, истиот може дополнително да се достави во периодот од 6 години, додека важи Законот, по што постапката за легализација ќе продолжи и при одлучувањето ќе се земат во предвид сите доставени документи.
По истекот на законскиот рок, односно по 3 септември, не ќе може да се легализираат објектите и со нив ќе се поставува во согласност со Законот за градење, односно овие дивоградби ќе треба да се уриваат.