На полноќ завршува рокот за собирање потписи на независните кандидати за советници и за градоначалник за локалните избори 2017 година.

Во општина Охрид независни кандидатури поднесоа Горан Китевски и Стево Стевовски. Дали до полноќ ќе ги соберат потребните гласови за да влезат во трката за градоначалничката позиција, ќе биде познато откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според роковникот за спроведување на локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

До 9 септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во Избирачкиот список.

Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини.

OhridNews