
Изборите за претседател започна пред два дена во Државната изборна комисија каде гласаа граѓаните кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората. Во сабота гласа дијаспората, како и болните и немоќни лица, затворениците, притворените лица, привремено раселените и припадниците на армијата.
Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе избираат помеѓу четворица кандидати: Ѓорге Иванов – ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски – СДСМ, Зоран Поповски -ГРОМ и Илјаз Халими – ДПА.
Изборите ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи.
OhridNews











