На полноќ завршува можноста граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори.
Државната изборна комисија (ДИК) по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат.
Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, најдоцна на 3 октомври.
Според податоците на ДИК во избирачкиот список за Охрид се регистрирани 51 982 гласачи од кои 25 760 жени и 26 222 мажи. Во Струга 61 956, додека во Дебрца 3 903.
Вкупно на ниво на држава регистрирани се 1 818 963 гласачи.
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, кога граѓаните ќе избираат градоначалници и совети во 80 општини и во Градот Скопје.
Н.С.Ј.