Рускиот боксерскиот промотор Владимир Хрјунов понуди неверојатни 23 милиони долари награден фонд само во рингот да ги види “тешкашите“ Владимир Клитчко и Александар Повјеткин.


Голем дел односно 75 посто од наградниот фонд ќе замине на сметката од украинскиот додека 25 проценти за рускиот боксер. Ако се договарат двете страни дуелот треба да се одржи во Москва на 31 август.

Претходно Кличко на 4 мај мора да ги одбрани титулите во ИБФ, ЊБО и ИБО против Франческо Пијанет.

Мх.П.