Проблемот со депонирање на медицинскиот отпад, наскоро ќе биде решен со изградба на специјална депонија во „Дрисла“, најави при неодамнешната посета на Охрид министерот за здравство Никола Тодоров.
– Тоа е проблем за кој не се водело сметка во минатото. Се работи за високоризичен отпад кој ја загрозува заживотнатра средина и е опасен за животот и здравјето на граѓаните имајќи рпедвид дека може да настанат и потешки последици. Државата прави станица за одлагање на медицински отпад во депонијата „Дрисла“ во Скопје која ќе има капацитет за одлагање на медицинскиот отпад за цела Македонија, изјави Тодоров.
Проблеми со депонирање на медицинскиот отпад има и во Охридско – струшкиот регион, каде неретко опасниот употребен материјал од здравствените установи завршува во контејнери за комунален отпад или во реките од каде доаѓаат во езерото. Изминатите неколку години пријавени се повеќе вакви инциденти, но и покрај констатираната состојба не е изречена казна за прекршителите.