На граничниот премин „Ќафасан“, при гранична проверка констатирано било дека 34-годишно лице од Кавадарци се бара заради издржување на казна затвор во траење од една година и два месеци за сторено кривично дело.

Лицето е приведено и лишено од слобода во просториите  на граничниот премин. Истиот подоцна  бил предаден  до струшката Полициска станица за  понатамошна постапка.

OhridNews