108 парчиња женска долна облека, откриле царинските службеници на граничниот премин „ Свети Наум“, при контрола на бугарски автомобил. Во возилото се наоѓале двајца македонски државјани кои се пријавиле за влез во државата.

Непријавените текстилни производи, сопственост на сопатникот во возилото, биле пронајдени во две кеси, сместени под задното седиште.

OhridNews