Царинските работници, деновиве, спречиле два обиди за шверц на аквариумски риби, желки и храна за истите.
На граничниот премин „ Свети Наум“ на излез од Република Македонија, се пријавиле двајца албански граѓани со патничко моторно возило со албански регистарски таблици. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријават за царинска контрола, патниците одговориле негативно. Царинскиот службеник се посомневал во изјавата на патниците и извршил детална контрола на возилото, при што во багажниот простор и во делот зад возачкото и совозачкото седиште пронашол 235 аквариумски риби од видовите Скалар, Губи, Чистачи, Циклит, Карас и Ајкула во 13 најлонски ќеси. Сопатникот во возилото изјавил дека тој е сопственик на рибите. Рибите се привремено задржани и сместени во соодветни услови, а против сторителот Царинската управа покрена соодветна постапка.
Обид за шверц на аквариумски риби е спречен и на преминот Ново Село.
OhridNews