Читатели информираат за тешкотии во движењето на сообраќајот на патиштата поради интензивните врнежи од снег и нерасчистените патишта.

До редакцијата на OhridNews испратени се фотографии на кои може да се види случена сообраќајна незгода кај Пресека, во која учествувало патничко возило и товарно возило. По сообраќајната незгода сообраќајот беше во прекин, а пред малку патот повторно е отворен за сообраќај. Засега нема официјални информации за повредени лица и каква е состојбата на патниците. На фотографиите се гледа дека патничкото возило е со дипломатски таблички.

Според информациите од АМСМ, од 16 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.

OhridNews
фото:Дејан Лазароски