Уште на првиот ден од годинешното рели Дакар во Јужна Америка, се случи инцидент во кој загина аргентински мотоциклист по пад од моторот. Иако медицинскиот хеликоптер стигнал брзо, 38 годишниот Хорхе Мартинез Боеро починал на патот кон болницата во Мар дел Плата.

Оранизаторите на најпознатото и највозбудливо рели на светот сѐ уште не ја соопштија причината за смртта на Боеро, но некои аргентински медиуми шпекулираат со информацијата дека несреќниот моторист доживеал инфаркт за врме на возењето поради коешто паднал од моторот.

Во 33-те години откако се вози ова рели, коешто од безбедносни причини од пред четири години наместо во Африка се вози во Јужна Америка, досега загинаа 61 учесник и тројца гледачи.

Релиto Дакар годинава се вози во Јужна Америка, а освен во Чиле и во Аргентина, трката ќе има и четири етапи во Перу. Релито ќе се вози во должина од 1.800 километри, ќе трае 14 дена.

За овогодишното 34-то издание на релито пријавени се вкупно 465 возила, 171 автомобили, 185 мотоцикли, 33 камиони и 76 теренски возила.

Ohridnews