Охридската навивачка група „Рибари“ која деновиве со бројни настани го одбележува јубилејот 30 години постоење, е тема број еден во навивачките и спортските кругови во земјата и надвор од неа. Оригинални и креативни Рибарите за роденденот промовираа нова песна, чиј автор е Горан Момир, а ја изведува Јован Куцин заедно со навивачите. Тие заедно ја испеаја „Рибарската рапсодија“ на полувремето од ракометното дерби помеѓу Охрид и Пролет, што се одигра вчера во салата „Билјанини извори“.

OhridNews