Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти и предлог одлуката за давање мислење на планот за изведување на училишните екскурзии во учебната 2011-2012 година на ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, се точките на дневен ред на 37- та седница на совет која ќе се одржи на 28- ми јули.
На седницата е предвидено да се расправа и околу предлог одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работата на јавната општинска установа за деца –детска градинка „Јасна Ристеска “ Охрид .












