Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа , заедно со фирмата „ МСС- Македонски санитарен сервис„ на шест пунктови поставија вкупно 24- ри подвижни јавни тоалети.


Подвижните јавни тоалети се поставени на локациите кај Горна порта, во близина на Центарот за култура, кај хотелот Палас, на паркингот пред мостот кај Студенчишта, кај забавниот парк во кругот на спортската сала и во близина на скејт- паркот.Подвижните тоалети на овие локации ќе останат до 1- ви септември , односно до крајот на главната туристичка сезона.


Тоалетите засега ќе ги одржува фирмата „  МСС“ од Скопје која двапати во неделата ќе врши празнење , дезинфексија и стерилизација на објектите. Квалитетот на одржувањето ќе го надгледува лице ангажирано од Фондот за комунален развој.

Од Фондот за комунален развој информираат дека продолжуваат подготовките за изградба на јавни тоалети од цврста градба. По  стапувањето на сила на законот за предавање на државното градежно земјиште на општините , ќе бидат утврдени локациите по што ќе следат другите со закон утврдени постапки.

OhridNews