Подвижните јавни тоалети се поставени на паркинг просторот пред Горна Порта, во близина на Центарот за култура„Григор Прличев“, кај Студентскиот Дом „Никола Карев“, на крајот од градското шеталиште пред мостот кај каналот Студенчишта, во близина на скејт паркот и во кругот на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Одржувањето, дезинфекцијата и стерилизацијата на објектите ќе се врши два пати во неделата.
Подвижните тоалети, како привремено решение додека не се изградат тоалети во центрачлното градско подрачје, на овие локации ќе останат до крајот на летната туристичка сезона.
Од локалната самоуправа неодамна информираа дека јавни тоалети ќе се градат на просторот меѓу Амамот и комплексот Летница, кај старото училиште „Св. Климент Охридски“, на Плаошник, на потегот меѓу улиците „Самоилова“ и „ Коста Абраш“, а најавена е и реконструкција на старите јавни тоалети под Долни Сарај.