Според дел од резултатите добиени од истражувањето спроведено во рамките на проектот „Охрид-туристички бренд што ветува” голем дел од анкетираните странски туристи го оценуваат високо Охрид, односно со средна оценка 7.8. Секој од испитаниците го оценуваше личното задоволство од посетата на нашиот град на скала од 1 до 10, каде што максималната оценка значеше и максимално задоволство и исполнување на нивните очекувања. Најголем дел, т.е 42% (од точно 111 пополнети прашалници) ја дале оценката осум (8), додека само 15% го вреднувале Охрид од 3 до 6. Ако на ова се надоврзе и сознанието дека 91% од анкетираните странски туристи повторно би го посетиле Охрид, може да се каже дека нашиот туристичи центар генерално го исполнува „ветеното” пред странските туристи.
Графикон: Општо ниво на задоволство кај странските гости
Иако стереотипот е дека охриѓани не се многу љубезни, сепак, според странските гости кои се изјаснија дека повторно би дошле, како главна причина ја наведуваат „љубезноста на локалното население”, „квалитетот на туристичките услуги” и едноставно се „воодушевени од градот”.
Истражувањето, финансирано од Локалната ќе биде објавено во целост на сајтот од Општината и на сајтот од Здружението Е КУЛ ТУР, а печатеното издание, со сите резултати и насоки, ќе биде поделено на повеќе релевантни фактори од туристичката бранша од Охрид.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.