На Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, вчера во 18 часот, била лишена од слобода 47-годишна жена од охридското село Велестово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар.
Жената била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.
OhridNews