Рекреативните риболовци денеска за прв пат имаат прилика да ловат риба на Слатинско Езеро, откако овој воден ресурс е издаден под концесија.
Од Здружението на рекреативни риболовци СК “Свети Апостол Петар” од Охрид, кое е концесионер на Слатинско Езеро, информираат дека дозволени денови за риболов се од четврток до недела и државни празници.
Одобренијата заинтересираните може да се набават во просториите на Здружението или на продажен пункт на Здружението на самото езеро.
За празникот 11-ти Октомври сдозволен е рекреативниот риболов со блинкер во Охридското Езеро.
Од концесионерот, “Пастрмка 2012“ информираат дека рекреативните риболовци ќе имаат можност да рибарат и на14 октомври, недела.
Сите заинтересирани дозволите можат да ги подигнат во канцеларијата на “Пастрмка 2012“, на улица Кеј Маршал Тито, во старата барака на Гранит, секој ден од 8 до 14 часот.