Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниски температури се измерени во Битола -22 степени, -17 во Скопје-Петровец, -16 во Берово, -15 во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и Маврово, -14 во Прилеп и Штип, -13 во Дебар и Попова Шапка, -12 во Охрид, Крушево и Куманово, -11 во Претор и Пожаране, -10 во Виница, -9 во Струмица, Тополчани и Ѓуриште, -8 во Скопје-Зајчев рид и -4 во Гевгелија и Дојран.

Утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.
Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу нулата.
OhridNews












