Утрово е најстудено во Битола, два степени, а најтопло во Крушево, 13 степени. Во Охрид утрово се измерени 8 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Охрид сончево со максимална температура до 23 степени.
OhridNews












