Во струшкото село Џепин, вчера, при семејна веселба-свадба непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата, информираат од МВР.

Повредените се пренесени во струшката Општа болница каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews