Утре, 14- ти август на државните универзитети започнува пријавувањето за додипломски студии во академската 2014/2015 во првиот уписен рок.
На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четири годишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15.
За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40.
На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ слободни се вкупно 440 места, од кои 220 за редовни студенти, 110 редовни со кофинансирање и 110 места за вонредни студенти. Од нив, на Факултетот за компјутерски науки и инженерство редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност за редовни студенти има слободни места 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика за запишување на редовни студенти во државна квота слободни места има 60, со кофинансирање 30 и вонредни 30. На Факултетот за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника како редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20.
Пријавувањето во првиот рок на „ Св. Апостол Павле“ и ФТУ е на 14-ти и 15 август.
Резултатите од пријавувањето и успехот во средно образование ќе бидат објавени на 19 август на Факултетот за Туризам и угостителство, додека на 20 август на „Св. Апостол Павле“. Запишувањето на кандидатите на Факултетот за Туризам и угостителство и на „Св. Апостол Павле“ ќе биде на 25-ти и 26 август.
OhridNews