Продолжуваат реакциите на одлуката на Комисијата за доделување награди и признанија, одбележување манифестации и прослави на Советот на општината за годинешните добитници на највисокото општинско признание, наградата Свети Климент Охридски – патрон на Охрид.
Својот став по ова прашање денеска ќе го соопшти Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија.
Политичките партии јавно го изнесуваат ставот по одлуката на Комисијата за награди и признанија на Советот во кој тие партиципираат, откако јавноста изрази сериозни забелешки на годинешниот избор.












