Светот може да здивне. Зазори над древните мајански светилишта во Средна Америкашто со што започна новиот циклус за народот Маи, а за разочараните песимисти донесе уште едно, сепак за среќа, неостварено пророштво за крајот на светот.

Мистици, шамани, хипици и туристи, но и претседатели на земјите од регионот ги запоседнаа остатоците од древните градови на Маите за да се одбележи крајот на 13-от бактун или Периодот на Петтото Сонце, периодот од околу 400 години, и изразија надеж во подобра иднина за човештвото, пренесува „Макфакс“.

Имено, 13-от бактун во 5.125 година во стариот календар на Маите предизвика неоправдани стравувања предизвикани од погрешни толкувања и научнофантастичната белетристика дека на 21-ви декември 2012 година ќе дојде крајот на светот, или барем до помала катастрофа.

Со години научниците експерти за цивилизацијата на Маите од целиот свет, па дури и американската агенција за вселенски истражувања NASA, упорно повторуваа дека Маите не предвидувале крај на светот, туку почеток на нов циклус во нивниот календар, но сеедно, пред 21-ви декември по интернет кружеа сериозни изблици на стравувања од масовни самоубиства, природни катастрофи, епидемии или удар на астероид во Земјата.

Меѓутоа, за многумина од посетителите на светите градови на Маите, крајот на нивниот календарски циклус значи сосема спротивното.

„Благодарен сум што воопшто сум тука. Се надевам дека нешто ќе се случи, што ќе ме направи подобра личност, а доколку добијам и малку вселенска помош нема да ја одбијам“, вели 21-годишниот Греам Хоклфелде од американската метропола Сен Луис кој го посети храмот во Чичен Итца/

„Не е крај на светот, туку будење на совеста, добрата љубов и духовноста“, тоа веќе се случува“, вели 53-годишната Мери Лу Андерсон, советничка за информациски технологии од Лас Вегас во САД.

Остатоците од некогаш величествениот храм во Тикал во Гватемала, во петокот рано наутро го посетија гватемалскиот претседател Ото Перез и неговата костариканска колешка Лаура Чинчила, за да присуствуваат на свеченост на огнот и да ги дочекаат првите зраци на Сонцето првиот ден од новата ера на Маите.

Цивилизацијата на Маите која својот врв го доживеала меѓу 250 и 900 година од новата ера, ги опфаќала областите на денешно јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас.

ОhridNews
извор:„Макфакс“