Во пресрет на Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни, Министерството за животна средина и просторно планирање – МЖСПП, објави дека почнува со изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-План за управување со идниот Национален парк Шар Планина. Тие ќе се финансираат со грант одобрен од IUCN.

Проектот ќе биде спроведен од страна Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) во соработка со МЖСПП и УНЕП, а со учество на меѓународни и национални експерти. IUCN ќе ги примени најдобрите меѓународни стандарди за заштитени подрачја, вклучувајќи ги и сопствените упатства за најдобри практики, информира МЖСПП.

Со изработката на Студијата за валоризација на Охридско Езеро, се овозможува МЖСПП да отпочне со постапка за ре-прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата. SharaНацрт-Планот за управување со Шар Планина ќе биде изготвен врз основа на податоците од Студија за валоризација на Шар Планина (2020), која исто така беше изготвена со финансиски помош од ГЕФ/ УНЕП.- велат од МЖСПП.

Со изработката на плановите за управување за двете подрачје ќе се помогне на идните тела за управување на заштитените подрачја за обезбедување на ефикасно управување со заштитените подрачја и исполнување на одредбите од националната и меѓународната легислатива за заштита на природата, како и испонување на барањата на ЕУ директивите за живеалишта и птици, соопшти МЖСПП.

OhridNews