Пријавената, во својство на државен службеник-самостоен референт архивар вработена во општина Струга, во текот на Септември оваа година, иако знаела дека е поминат рокот за поднесување пријави за легализација на дивоградби, противправно примила повеке такви пријави од нејзини познати. Притоа, пријавената, на вкупно 45 нови барања за легализација на дивоградби, поднесени после законскиот рок, им придодавала уплатници за административни такси во износ од 250 денари кои претходно ке ги отргнела од постари предмети. Придодадените уплатници, не кореспондирале со пријавите за легализација на дивоградби односно на пријава од едно физичко лице, пријавената во документацијата ставала уплатница од друго физичко лице кои имале постар датум на поднесување и со друга цел за наплата на данок.
Реализирајки го овој случај, полициските службеници утврдиле дека пријавената во пријавите за легализација што таа, и по истекот на законскиот рок лично ги примала од нејзини познати, ставала односно додавала уплатници за административна такса од постари предмети кои се несоодветни на поднесената пријава а паричните средства ги користела за свои потреби, соопшти СВР Охрид.