На Граничниот премин Табановце, вчера, на влез во Македонија, од страна на полициски службеник било лишено од слобода 37-годишно лице од струшкото село Радолишта.

При проверка во оперативна евиденција истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“.

Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

OhridNews