Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
OhridNews











