Советот на потрошувачи на Општина Охрид во соработка со  Организацијата на потрошувачите на Македонија и Инсититутот за акредитација , утре на 3-ти април , со почеток во 14 часот и 30 минути, во малата општинска сала, организира трибина посветена на системот на акредитација.

На трибината ќе бидат промовирани брошурите „ Акредитација- промотор на квалитетот“ , „ Лифтови, нивно одржување и периодични прегледи- основни информации за правни и физички лица“  и „ Инфотека- акредитација“ .

Оджувањето на трибините и промоцијата на публикациите е од информативно-едукативен карактер и се наменети за пошироката јавност со цел подигањето на свеста за значењето на акредитацијата во Република Македонија, но и безбедноста на лифтовите и нивно одржување.

На трибината  ќе земат учество претставниците од локалната власт, граѓански здруженија, новинари, производители, инвеститори, куќни совети, управители и претприемачи.

OhridNews