Екипата на Манчестер Јунајтед претрпе минимален пораз 2-1 од Сандерленд на првиот полуфинален меч од Капитал купот.

„Црните мачки“ со голот на Бардсли имаа водство 1-0, капитенот на Јунајтед, Видиќ израмни на 1-1 додека конечните 2-1 ги постави Борини од пенал.
Реванш дуелот во полуфиналето од Капитал купот кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“ е на 22 јануари.










