Општина Охрид, на 14- ти ноември ( петок ) со почеток во 12 часот, организира јавен увид и расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ Индустриска зона  „Мауцкер“ КО Долно Лакочереј.

Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен од денес, 4- ти ноември до 3- ти декември , а увид може да се изврши секој работен ден од 08 – 16 часот во Одделението за заштита и влијание врз животната средина или на општинската веб страна www.ohrid.gov.mk

Сите заинтересирани се покануваат да земат учество на јавната расправа или  своето мислење, забелешки и предлози да ги испратат по електронска пошта на [email protected] , или по пошта на следната адреса ул. „Димитар Влахов “ бр. 57, Општина Охрид.
 
Заинтересираните страни можат да го достават своето мислење во врска со извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

OhridNews