Жителите на Велгошти вчера преку медиумите се пожалија дека Локалната самоуправа ги игнорира нивните проблеми и дека не ги реализира дадените ветувања.

– Пред 2-3 години започна изградбата на канализација во Велгошти која не е завршена, исто така не се санирани и асфалтирани споредните улици во населбата, на што реаиравме во повеќе наврати но досега немаме добиено одговор, велат од Месната заедница – Велгошти.

Оттаму посочуваат дека Велгошти е на само 4 – 5 километри од градот и не доликува во 21 век една приградска населба да има ваква инфраструктура, а проблеми има  и со водоснабдувањето и подигање на сметот, информираат од Месната заедница.

– До кога ќе не лажат, крајно време е да се решат проблемите на жителите на Велгошти, а бидејќи не се решаваат мораме вака преку медиумите да ја запознаеме пошироката јавност за случувањата тука, истакнаа претставници на МЗ Велгошти на средбата со медиумите.


МЗ Велгошти бара да се решат проблемите во населбата

Во Велгошти живеат 5000 жители.

OhridNews