На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно телевизиски ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици.
Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема охридско потекло, оваа верска манифестација доби пошироки димензии, во духот на интенцијата таа да биде централна во Македонија, на Балканот и православието, а светоста на Охридското Езеро и Балканскиот Ерусалим да патуваат како убава приказна низ светот.
Филмот кој го изработи продукцијата „Kumev Brothers“, премиерно ќе биде прикажан утре во 17.30 на локалната телевизија ТВМ, а репризно гледачите ќе можат да го видат и во понеделник.












