Покрај коњичките трки, ќе се одржи и културно уметничка програма при што ќе настапат КУД „Илинден“ од Велгошти и повеќе познати музичари.
Традиционалните Коњички трки во ова село датираат од одамна, велат велгоштани. Тие додаваат дека во минатото велгоштани ги пуштале коњите од Охрид кај монополот и се тркале до сред село.
По неколку годишниот прекин на одржувањето, по обезбедувањето на новата стаза во атарот на црквата „Св. Петка“, трките продолжуваат во 2009 година кога победил Шапкароски Симон со грлото Видра. Во 2010 победил Брдароски Стојче со грлото Пирган и во 2011 година првак бил Шибакоски Ноне со грлото Мартин.