-Владиката Тимотеј се согласи да се изврши групно покрстување на празникот Водици, што ќе придонесе за збогатување на манифестацијата, ни изјави Јован Лотески, кум на Водици.
Организаторите на манифестацијата информираат дека е постигнат договор со охридските хотелиери кои за претстојниот празник ќе понудат евтини тридневни аранжмани за само 24 евра. Според постигнатиот договор, хотелиерите на охридската ривиера за Водици ќе нудат ноќевање по цена од 8 евра, а некои од нив изразиле подготвеност за дополнителни две до три евра да понудат и доручек за гостите.
Аранжманите за Водици, како што информираат организаторите на манифестацијата, ќе се продаваат преку туристичките агенции „Вис – Пој“ и „Хајба турс“.