Да не се конзумира алкохол доколку се скока по светиот крст на празникот Богојавление- Водици, бидејќи со тоа дополнително се намалува телесната температура.Оние кои имаат проблеми со здравјето да не влегуваат во вода. Ова се само дел од советите кои стручните лица ги упатуваат до оние кои на Водици имаат намера да влезат во водите на езерото.

Како што укажуваат од општинскиот Црвен крст, температурата на водата е многу ниска и изнесува 6 степени.

–   Tемпературата на водата годинава е особено ниска. Минатата година таа иако беше за неколку степени повисоока, и  изнесуваше 10 степени поради појава на хипотермија имавме неколку интервенции, вели Сашо Точков од општинскиот Црвен крст.

Како што информираат од Црвениот крст поради ниските температури годинава на Водици ќе се ангажирани поголем број медицински екипи.

Оние кои ќе скокаат по крстот се советуваат да влезат во вода само кратко време.