Во Трпејца продолжува културно забавното лето „На зајдисонце“ што започна на 20 јули.

Вчеравечер, во рамки на манифестацијата настапија членовите на детскиот хор „Распеани ѓерданчиња“ – КУД Ѓердан, а беше одржана и работилница по креативна уметност .

Бројните содржини во рамки на манифестацијата продолжуваат и денес кога ќе биде извршена промоција на патеката „Чоколско“, а вечерва ќе се одржи и работилница по англиски јазик со Габриела Неделкоска , по што ќе следи вечерната променада Со кајче по езерото и мини концерт на ученици од ОМУ „Методи Патче“. 

OhridNews