– За нормално одвивање на изградбата на оваа улица МЈП-Проаква врши девијации на водоводните цевки, а на терен постојано се присутни дежурни екипи за да се избегнат подолги прекини во водоснабдувањето во овој дел од градот, информираат од јавното претпријатие.
Изградбата на атмосферската канализација е дел од проектот за реконструкција и проширување на северната обиколница, што започна минатата година. И покрај најавите за брза реализација, изградбата на оваа мошне значајна сообраќајница се’ уште не е завршена.