Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, ЈП „Билјанини Извори“ набави нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала.

На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење овозможува и отстранување на сувата трева преку посебни ножеви, посочуваат од претпријатието.

Додаваат дека согласно потребите дополнително е обезбедена и опрема за подобро одржување и прихрана на тревата – ѓубре расфрлач со хидроулично регулирање и прскалка 330L со АГМ пумпа со 8 метри рам, со кои ќе се овозможи оптимално прихранување и третирање на тревната подлога, како на фудбалските терени, така и на голф теренот.

Со оваа набавка ЈП „Билјанини Извори“ продолжува да создава услови за современо и професионално одржување на спортската инфраструктура со која стопанисува јавното претпријатие, потенцираат.

OhridNews