Во текот на вчерашниот ден, општина Дебрца изврши набавка на камион и багер, кои ќе бидат наменети за потребните на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – од село Белчишта.
Исто така, во изминатиот период, набавени се контејнери и алати за сечење гранки, а како што информираат од општина Дебрца, со тоа се подобрени условите за работа на претпријатието.
„Општина Дебрца, откако е предводена од градоначалникот Игор Трајкоски, до денес има вложено 3.700.000,00 денари за потребите на ЈПК „Дебрца“, со што се докажува дека актуелната власт во општината се залага за унапредување на состојбата и решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на општината.“ – велат од општина Дебрца.
Оттаму додадаваат дека општината извршила субвенционирање на Јавното претпријатие во висина од 50.000,00 денари.
OhridNews